Реката Тополка има идеални услови за развој на кајакарење

Објавено на 4 декември, 2014 во 13:25

Во горниот тек на речното корито, под  браната на хидросистемот „Лисиче“ до селото Лисиче постои можност за изградба на кајакарска патека која може да понуди услови за возење кајак на диви води еднакво добри на патеката во кањонот Матка, кај Скопје. Вака мислат велешките извидници откако подолго време ја анализирале состојбата на терен.

Тие често престојуваат во  извиднички центар во селото Голозинци кој се наоѓа во непосредна близина на реката. Тополка во горниот дел тече во општина Чашка и во долниот дел низ општина Велес.

„ Станува збор за два километри од речното корито. Не е потребна голема инвестиција за неговото уредување, за канализирање на текот, поставување на препреки кои би создале услови за кајакарење. На тој начин би се популаризира поточно да се развива еден од најтрофејните македонски олимписки спортови, кајакот на диви води. Тоа  би создало можност општина Чашка да добие спортско рекреативен центар од европски карактер,“ рече старешината на одредот „Димитар Влахов“  Ангелче Гушев.

Кајакарите плаќаат за тренинзите во кањонот Матка. Со воспоставен ценовник првиот бенефит за општина Чашка би бил токму изнајмувањето на кајакарската патека на нејзина територија. Има и други можности за работа но најзначајната секако доаѓа од организацијата на спортските натпревари од европски и светски карактер, додава Гушев.

Извидниците за сопствената иницијатива ќе ја запознаат општина Чашка. Денеска од таму велат дека првично идејата им се допаѓа. Затоа ќе побараат од извидниците официјално да им ја достават. Доколку ја добијат поскоро ќе му ја предложат на Советот за да испланира сретства за реализација во програмата за работа во 2015 година. Тој требало да одржи седница пред крајот на месецот на чиј дневен ред ќе биде ставен и Буџетот за наредната година. /Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.