Во општина Чашка најмногу снег има во Горно Јаболчиште а во Азот најголем број на села без струја
Во изминатите дваесет и четири часа во општина Чашка најмногу снег падна во Горно Јаболчиште. Таму висината на снежната покривка изнесува 30 сантиметри. Патните правци во оваа општина се проодни но задолжително е возењето на автомобилите со ланци на гумите. Според информации на Центарот за управување со кризи отежнато се одвива сообраќајот по локалните и регионалниот пат во оваа општина. Треба внимателно да се вози кон Мелница, Горно Врановци, Горно и Долно Јаболчиште потоа кон Извор и Јасеново.
Снежните врнежи се причина за прекинот на електричната енергија во општината. Синоќа без струја останале Богомила, Папрадиште, Нежилово како и селата околу Јасеново. Екипи на ЕВН работат на терен и ги отстрануваат дефектите, информираа од Центарот.
Во населбата Чашка денеска има струја, соопштија од општината. Според портпаролот Милена Андова нивни вработени се излезени на терен по јавување од граѓани кои им пријавиле дека паднале две бандери за електрична енергија. Патот од Велес кон Чашка е исчистен и е прооден./Д.С
