Запрен ископот на кварц кај Извор

Објавено на 28 јули, 2015 во 11:18

Во село Извор кај Јасеново не се копа кварц. Долж течението на реката Изворчица, повеќе од еден месец е запрено ископувањето на каменот. Инспектори од Министерството за животна средина по извршениот увид, донеле решение, сите пет фирми, кои досега биле концесионери, да престанат да вадат кварц. Сега машините мируваат а вработените во овие фирми седат дома. До кога, засега никој не знае. Таму единствено, но не се знае до кога, работи само една фирма која вади кварц во близина на село Ореов дол.

„Не ни е јасно зошто Министерството за животна средина ни дава забрана за работа кога досега надлежно за оваа работа е министертвото за економија. Од таму досега ни давааа само одобренија во согласност со министерството за животна средина. Сега не требало да биде одобрение туку Министерството да ни издаде дозвола. За да ја добиеме потребно е да изготвиме нов елаборат, да извадиме нов имотен лист и други документи. За да се извадат овие документи потребно се време и пари,“ рече сопственикот на фирмата „Каме Комерц“, Сашко Ристовски.

Инаку во овие пет фирми кои вршат ископ на кварц се вработени 75 луѓе, сите од Извор и околните села. Тие месечно копаа и над илјада тони кварц. Само од овој регион, за Топилницата во Јагуновце кај Тетово, годишно се вадат и се транспортираат повеќе од 13 илјади тони квалитетен кварц. Со неговото топење се добива цврста легура која се употребува во воената индустрија. Инаку овој камен во Македонија го има во велешкиот и радовишкиот крај. /С.А

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.