Ќе сообраќа, вечерва, возот за Прилеп и Битола

Објавено на 20 ноември, 2015 во 17:43

Oткако беше минирана големата карпа  од која се одрони дел и се врати безбедноста по возовите и на патниците, вечерва, по железничката линија Велес – Битола ќе сообраќа воз. Тој ќе биде прв воз по неколкудневниот прекин на сообраќајот на оваа железничка рута.

Од местото на одронот, помеѓу селата Чашка и Богомила, се ископани и изнесени повеќе од 3000 кубни метри, камења. Карпата се одрони пред еден месец и целосно го блокира патничкиот и товарниот железнички сообраќај. Толку време, жителите на селата во Азот, не можеа да патуваат со воз кон Прилеп, Битола, Велес и Скопје.

Сега откако е минирана и отстранети се камењата пругата е безбедна, соопштија од ЈП „Македонски железници“./У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.