Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Gornovranovcani fin

Сопственици на вкупно триесет ново изградени куќи во селото Горно Врановци над една деценија не можат да ги легализираат. Дивоградбите се наоѓаат на нивен имот, скоро сите се во дворните места, непосредно до старите куќи. Неколкумина сопственици раскажаа дека и по дванаесет години се заглавени во лавиринтите на законот и правдата. Исто толку време живеат без електрична енергија. Тоа е најголемиот проблем за нив, што не можат да си постават струјомери во новите куќи.

- Поднесов документи пред дванаесет години во општина Чашка за легализација на дивоградбата. Тогаш ми објаснија дека документите мора да се испратат во Скопје, во министерството за култура кое треба да одлучи заедно со транспорт и врски, затоа што селото е дел од заштитено подрачје поради историската важност односно комплексот на спомен куќи кои ја симболизираат народноослободителната војна на македонскиот народ како и првата печатница на весникот „Нова Македонија“. Јас не се спротивставив, така ми рекоа и така направив ама не мислев дека дванаесет години ќе чекам и пак не ќе можам да си внесам струја дома, рече жител на Горно Врановци.

- За сите нас е приоритетно да ни дозволат да внесеме струја во куќите. Нека ни дозволат да поставиме струјомери па ќе живееме во дивоградби ако државата не сака да и платиме и да ни ги легализира куќите, рече жител на Горно Врановци.

- Јас барање поднесов 2011 година во општината, тие го препратија во министерство за култура и од тогаш одговор немам, рече жител на Горно Врановци.

SugareskiGoraniAgim fin

За проблемите на овие граѓани знае градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски.

-По разговорите со министерот Сугарески општината ќе изработи општ детален акт со кој ќе ги заштитиме спомен куќите кои се културно наследство на Република Северна Македонија за да овозможиме останатите приватни објекти да се легализираат, рече Стојановски.

Со образложение дека им се зголемиле семејствата и морале да изградат нови домови, овие жители на Горно Врановци, деновиве барањата му ги соопштија лично на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески при неговата посета на Општина Чашка. Од него побараа помош и решение за проблемите.

-Проблемот е специфичен бидејќи законски не смее да се гради во заштитено подрачје. Ќе ги разгледаме сите опции за да овозможиме овие граѓани да дојдат до електрична енергија. Меѓутоа мора да се разговара со министерството за култура, со ЕВН и заедно со општината да видиме како да пронајдеме решение, рече Сугарески.

Горно Врановци е село со шеесет домаќинства. Од нив тиесет живеат во стари и исто толку изградиле дивоградби./У.Ј

Поврзани вести

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

E baner

Најново