Изгоре плевна во Богомила
Објавено: 29 мај, 2020, во 15:15 часот
29.05.2020
Објектот во сопственост на шеесет и две годишниот М.В. се запалил вчеравечер околу 20.30 часот. Тогаш сопственикот пријавил во полиција дека гори неговата плевна.
Во пожарот изгореле околу 400 кг. сено и дел од кровната конструкција.
– Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес и локалното население, а повредени лица нем, рече портпаролот Верољуб Додевски.
Увид на местото извршила екипа од СВР Велес./С.А


