Ке има ли кандидати за пратеници од општина Чашка?

Објавено на 23 март, 2014 во 13:02

Ќе им дадат поддршка на кандидатите за пратеници од Велес или пак воопшто нема да се мешаат во кандидатурата за престојните парламентарни избори. Ваква одлука донеле политичките партии во општина Чашка.Единствено ДУИ кандидирал тројца односно четворица граѓани за пратеничката листа во изборната единица број 3.

Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ во Чашка Зоран Здравевски вели дека не даваат предлог за кандидат за пратеник од своите редови, ниту пак ќе се мешаат во изборот на партијата во Велес.

За разлика од нив пак опозицијата во Чашка ќе излезе со целосна поддршка на кандидатот Марјанчо Николов. Свој кандидат од Чашка немаат но сметаат дека покрај Николов, на пратеничката листа треба да се најде и името на поранешниот градоначалник на Велес Аце Коцевски.

Единствено, во постапката на составување на листата со пратеници во третата изборна единица, свои тројца или четворица кандидати предлага партискиот огранок на ДУИ. Претседателот во Чашка, Рамадан Амазов вели дека до вторник ќе биде се познато бидејки дотогаш органите и телата на на партијата ќе излезат со имињата на кандидатите со пратеници.

Како можни кандидати за пратеници во Велес, од владејачката партија, се досегашните пратеници Илија Димовски и Ѓорѓи Коџобашиев, како и претседателот на општинскиот комитет и претседател на советот на општина Велес, Александар Колев. Но овие информации не се потврдени од општинскиот комитет.

За разлика од владејачката, опозициската СДСМ веќе излезе со официјални податоци за можните кандидати за пратеници од Велес. Меѓу кандидатите покрај досегашниот Марјанчо Николов, се и Данчо Стојановски, Дејан Гавазов, Весна Стојанова Богоевска, Благој Коларов, Панче Иванов и Марија Минова./Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.