(ОБНОВЕНО) Пронајден е планинарот и пренесен во Ургентен центар
Објавено на 9 ноември, 2013 во 19:21
Момчето кое планинареше и денеска доживеа несреќа на планината Јакупица, под Солунска глава, е пронајдено. Од бездната покрај реката Бабуна го извадиле планинарите со помош на хеликоптер на МВР. Повреденото момче е пренесено во Ургентниот центар во Скопје.
Oд велешката полиција, ја потврдија информацијата дека момчето е пронајдено но, нема потврда за неговиот идентитет. Се претпоставува дека е од Скопје./Б.Н