Децата на ОУЈДГ „Димче Мирчев“ пееја,играа и рецитираа во чест на својот патрон (видео и фото)
Распеани, весели, со многу научени песнички и стихотворби го одбележаа 7 Април, денот на патронот Димче Мирчев, денеска, децата од детската градинка во Велес. Во централниот објект „Сонце“ тие положија свежо цвеќе и се поклонија пред бистата на народниот херој во нивниот двор.
На многубројните гости толо добредојде им посака директорката Маја Велиновска.
Повеќе делегации положија свежо цвеќе пред споменикот на народниот херој оддвајќи му должна почест за згаснатиот млад живот којшто е вграден во слободарските темели на македонската држава.
Исто така, денеска, сите гости имаа можност да се запознаат со најновиот проект за кои децата учат поточно ја разгледаат театарската креативна работилница каде беше прикажан целиот процес на подготовка на претстава од страна на луѓето кои не се актери.
На крајот децата ја одиграа претставата „Волкот и трите прасиња“.
Убавка Јаневска
Фото галерија