Децата од велешката градинка со своите родители го одбележаа Светскиот ден на семејството (фото + видео)
Четиристотини деца на возраст од четири до шест години заедно со своите родители, вчера, биле дел од спортскиот настан „Игри без граници“ огранизиран од страна на детската градинка „Димче Мирчев“ по повод Светскиот ден на семејството. Дечињата од велешката градинка на градскиот стадион „Зоран Паунов“ заедно со своите родители и другарчиња спортувале и се забавувале.
-На вчерашниот настан, по повод 15-ти мај Светски ден на семејството, детската градинка „Димче Мирчев“ организираше десетти јубилеен настан, низа спортски активности, со коишто го заокружи проектот „Спортуваме, другаруваме“. Дечињата заедно со своите родители на полигони вежбаа и се рекреираа, рече Маја Велиновска, директорка на детската градинка „Димче Мирчев“.
Секој учесник на настанот бил награден со медал за исклучителен спортски успех постигнат заедно со своите родители. Медалите биле доделени од страна на градоначалникот на Општина Велес Марко Колев.
Настанот организиран на велешкиот стадион бил посетен од над 1000 граѓани.
Стефани Манева