Делницата Велес-Градско затворена за сообраќај до 16 часот
Поради поставување заштитна мрежа на Регионалниот пат Р1102, делницата Велес – Градско денеска и утре ќе биде затворена за сообраќај од 9:00 до 16:00 часот, информираат од Авто Мото Сојуз на Македонија.
Оттаму додаваат дека на патниот правец Тетово – Попова Шапка има забрана за сообраќај за автобуси, додека за другите возила е задолжителна зимска опрема, синџири.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Дума.мк