Делницата Велес – Градско затворена за сообраќај во наредните девет месеци
Делницата Велес – Градско на регионалниот пат Р1102 од денеска, 28 септември, ќе биде затворена за сообраќај во наредните девет месеци соопштија од Авто мото сојуз на Македонија. Патот ќе биде затворен поради изведување на градежни работи и сообраќајот ќе се одвива согласно одобрениот времен режим на сообраќај.
Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози.
Авто Мото Сојуз на Македонија препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Стефани Манева