Во Демир Капија заврши бербата на винското грозје

Објавено на 7 октомври, 2013 во 12:33

Лозарите од Демир Капија можат да здивнат. Завршија со бербата на винското грозје, бидејќи поради поволните врменски услови започнаа порано за разлика од минатите години.

Годинава   се  задоволни  од  родот и  од  квалитетот, но и  од  организираниот  откуп  на  винарските  визби. Откупени се  над  четири  милиони  килограми  од  повеќе  вински  сорти. Најголеми  количества  за  винарските  визби  од  Штип и  од  Гевгелија  откупија  претпријатијата   Агро  Капија  од  Демир  Капија  и   Пилана  Петар  од  Корешница.  Исплатата  на  висококвалитетните  сорти  на  винско  грозје  е  завршена, а   останатите  вински сорти, кои се и најзастапени, допрва ќе се исплаќаат.

Површините со трпезно грозје во демиркапијско, за разлика од површините со винско грозје постојано се зголемуваат. Лозарите велат дека тоа е резултат на подобрите состјби со трепезното грозје кое се одгледува во моментов на површина од 60 хектари. За неколку дена се очекува да заврши и бербата на десертното грозје.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.