Дваесет и едно годишен Демиркапиец се обидел да силува малолетна девојка
Објавено: 9 октомври, 2020, во 16:45 часот
9.10.2020
Случката во Полициска станица Неготино ја пријавила мајката на малолетничката, вчера попладне, околу 17 часот.
Четириесет и три годишната жена од Демир Капија пријавила дека околу 15.30 часот Д.Д.(21) од Демир Капија се обидел да изврши обљуба врз нејзината малолетна ќерка и ја допирал по телото.
-Бил извршен увид на местото на настанот, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски./С.А
