Порибување на Вардар кај Демир Капија

Објавено на 13 декември, 2013 во 10:57

Со 110 килограми крап е порибена реката Вардар кај месноста Варница во Демир Капија. Активностите за порибување ги реализира  спортското риболовно друштво „Дошница”.

„Ова е второ порибување годинава. Нашето здружение ги има под концесија ловиштата на реката Вардар на потегот од ТЕЦ „Неготино” до урнатиот мост близу селото Градец, рекоа претставниците на „Дошница“.

Рибата е обезбедена од „Акватика” од Неготино, фирма која произведува  репродуктивен и материјал за порибување.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.