Денеска 59 хоспитализирани, викендов починати тројца пациенти од Ковид-19 во велешка болница
За време на викендот во велешка болница починале тројца пациенти како последица од Ковид-19. Маж на 70 годишна возраст од Велес со обострана ковид пневмониа и двајца пациенти од село Мелница, жена на 86 годишна возраст која починала 3 часа после приемот во ЈЗУ Општа болница Велес и маж на 63 годишна возраст 6 часа после приемот.
Во велешка болница вкупно се хоспитализирани 59 ковид пациенти од кои 41 се потврдени позитивни, девет пациенти се сомнителни и осум пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување. Во изминатите 24 часа примени се тројца пациенти.
-На кислородна поддршка се 29 ковид пациенти, соопшти портпаролката на велешка болница, д-р Елена Левкова Ќулумова.
На Инфективно одделение се лекуваат 52 пациенти и на Интерно Б одделение седум пациенти.
Стефани Манева