Денеска започнува манифестацијата „Велешко лето 2024“ со стенд-ап на Бојан Велевски

Во Амфитеатар на Младински парк, вечерва, со почеток во 20:00 часот започнува манифестацијата „Велешко лето 2024“ со стенд – ап настап на Бојан Велевски, веднаш потоа ќе продолжи и забавата со ДЏ Попај.
На програмата којашто Општина Велес ја објави за оваа недела, во вторник и среда, на 9 и 10 јули, велешани заедно ќе можат да навиваат на европското првенство во фудбал, поточно ќе има пренос во живо на полуфиналните натпревари со почеток во 21:00 часот.
Во петок, на 12 јули, најмладите велешани ќе можат да уживаат и во детската претстава „Здраво детство“ во изведба на театарска група „Патувалка“ со почеток во 20:00 часот.
Во недела продолжува еуфоријата околу европското првенство во фудбал, затоа сите велешани на едно места со почеток во 21:00 часот ќе можат да го проследат финалето.
Инаку, Општина Велес годинава за прв пат организира „Велешко лето“ со бројни активности, забава и дружење на повеќе локации низ градот. Програмата за наредна недела ќе биде објавена наскоро.
Стефани Манева
