Десет невработени граѓани на Чашка можат бесплатно да се обучат и сертифицираат за градежни работници
Десеттте невработени лица, којшто ќе ги исполнат условите, да се на возраст од 18 до 50 години и да живеат на територијата на Општина Чашка, ќе можат да посетат Сертифицирана обука за градежни работници. Обуката ќе трае 10 дена. Поточно, тие во три дена ќе посетуваат теоретска додека практична обука, во времетраење од седум дена со работа на објект. Трошоците за обука и сертификација ќе ги покрие Хабитат Македонија.
Крајниот рок за пријавување на заинтересираните невработени кандидати е петок, 30 август, годинава до 15:30 часот во просториите на Општина Чашка. Таму треба да ја поднесат пријавата заедно со копија од лична карта, кратка биографија и копија од сведителство или диплома за завршено образование.
Всушност селектираните 10 кандидати ќе бидат дел од проектот „Социјално домување во Чашка“ којшто партнерски го спроведуваат Општина Чашка, Хабитат Македонија и Фондација Сент Гобен. Проектната реализација овозможува подобрување на условите за домување на осум домаќинства со 20 членови, кои се социјално ранливи и чии домови ќе се реновираат. Исто така реновирани ќе бидат и два објекти, во сопственост на Општина Чашка.
Проектот „Социјално домување во Чашка“ финансиран е од фондацијата „Сент Гобен“ со 70.000 евра преку Хабитат Македонија додека од буџетот на Општина Чашка обезбеди се 900.000 денари.
Убавка Јаневска