Девет пациенти на кислородна поддршка во велешката болница

Објавено на 21 мај, 2021 во 16:54

Во текот на денешниот ден значително е намален бројот на ковид пациенти. Хоспитализирани се 24 од кои само 12 се потврдени позитивни, двајца сомнителни и десет се со негативен тест но задржани на болничко лекување.

Исто така, само девет пациенти се на кислородна поддршка и еден пациент е испишан како оздравен со еден негативент тест.

Од болничките пациенти во Модуларна болница се лекуваат 12, на Инфективно одделение осум и на Интерно одделение четворица ковид пациенти.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.