Дваесет средношколци успешно ја завршија Летната Младинска Академија спроведена од Младински центар Велес

Објавено на 15 септември, 2023 во 13:57

Дваесет средношколци успешно ја завршија Летната Младинска Академија којашто Младински центар Велес успешно ја реализираше во соработка со Сојуз на младинска работа. Младите беа дел од 10 работилници се едуцираа на различни теми. Истите беа спроведувани во Младински центар Велес но и во Europe House Велес. Младинскиот работник од Младински центар Велес, Ивана Јордева, соопшти дека денеска на последната завршна работилница насловена „Јавно говорење“ младите имале можност да се запознаат со видовите на јавно говорење, зошто е значајно и како да ги подобрат своите вештини.

-Младите успешно ја завршија Летната Младинска Академија којашто ја реализиравме во соработка со Сојуз за младинска работа од почетокот на месец јуни. За време на академијата младите се стекнуваа со различни вештини и знаења бидејќи самите работилници се состоеа од теоретски и практичен дел. Тие беа дел од работилниците „Животни вештини“, „Младите во општеството“, „Идентификување на проблеми на младите“, „Мојот идентитет“, „Волонтерство“ и други. Оваа летна академија се спроведуваше во повеќе младински центри и тоа на Пробиштип, Штип, Битола, Кавадарци како и CIA NOVUS Струмица, додаде Јордева.

Завршниот настан на Летната Младинска Академија ќе се одржи на 5-ти октомври, годинава во Скопје. Секој учесник ќе добие и сертификат за учество и успешно завршена академија.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.