Дваесетгодишен велешанец извршил 8 кражби за еден месец во Куманово
Објавено на 9 февруари, 2022 во 13:58
Полицијата уапси дваесетгодишен велешанец кој извршил осум кражби за еден месец во угостителски и деловни објекти во Куманово, соопшти денеска СВР Куманово.
– Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 16 часот го лишиле од слобода Б.Д.(20) од Велес поради постоење основи на сомнение дека во текот на декември извршил осум кражби во угостителски и деловни објекти во Куманово, при што одзел пари и други предмети, соопшти СВР Куманово.
Тој ги признал извршените кривични дела и бил задржан во полициска станица. По целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.