Двајца велешани хоспитализирани во Ковид центарот на болницата
Објавено: 6 август, 2021, во 18:39 часот
Пациентите се позитивни на Ковид-19. Тие денеска побарале болнички здравствени услуги.
– Примени се во Ковид центарот на Инфективно одделение. Еден од нив е на кислородна поддрша, соопшти д-р Елеонора Јовановска портпаролка на ЈЗУ Општа болница Велес.
Во текот на денешниот ден, во Велес, се регистрирани двајца нови позитивни велешани со што бројот на заболени од почетокот на пандемијата изнесува 5482 додека во моментов на шест се активни случаи на Ковид-19 во Општина Велес.
Стефани Манева


