Две нови премиери во велешкото кино „Киноверзум“

Објавено на 25 мај, 2023 во 15:44

Американскиот филм  „Малата Сирена“  и јапонскиот цртан филм „Сузуме“, се новите две премиери во велешкото кино „Киноверзум“.  Покрај нив, на редовниот репертоар се и филмовите „Брзи и бесни 10“ и „Биби и Бобо- пролетна магија“.

„Малата Сирена“ велешани може да ја гледаат денеска, од 18:00 часот. Потоа истиот филм ќе се прикажува и во сабота, недела и вторник од 18:00 часот.

Премиерата на филмот „Сузуме“ велешани ќе можат да ја проследат утре, петок, со почеток во 18:00 часот.

Филмот „Брзи и бесни 10“ може да се погледне вечерва, во 21:00 часот, или во наредните денови, до среда. Поточно, во петок од 20:30 часот, во сабота и недела од 21:00, понеделник и среда од 20:00 часот,  а во вторник од 21:00 часот.

За најмладите велешани се прикажува и филмот  Биби И Боби: Пролетна Магија. Истиот во петок е со почеток во 19:00 часот, сабота и недела од 17:00 часот и понеделник и среда од 19:00 часот.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.