Две паралелки со ученици помалку од почетокот до половина учебна 2022/23 година во Велес, поради заминување во странство

Педесет и тројца ученици имаат помалку велешките основни и средни училишта на почетокот на второто полугодие од учебната 2022/23 година. Тоа значи дека во училиштата во општината има помалку две паралелки со ученици. Сите се деца на семејства кои што заминале во странство.
Од четирите основни училишта во Велес најголем број на испишани ученици бележи ООУ„Панко Брашнаров“, вкупно 25 ученици. Нивните семејства од Велес во странство си заминале во првото полугодие. Во исто време, во ова училиште има и најголем број на повратници од странство. Вкупно седум или пет ученици се вратиле од Германија додека двајца од Словенија. Од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ деветмина се иселени во странство додека од ООУ„Васил Главинов“ со иста цел, во текот на првото полугодие, се испишале седум ученици. Најмал број на ученици,исселеници, има ООУ„Блаже Конески“ и тоа само еден.
Не се исселуваат само ученици од основните градски туку и од училиштата во населените места на општина Велес. Бројот во двете училишта ООУ „Стојан Бурчевски Буридан“ во Иванковци и во ООУ „Лирија“ во Бузалково е идентичен и изнесува по тројца.
Состојбата во четирите средни не е така алармантна како во основните училишта во Велес. Од „Гимназија Кочо Рацин“ и од ССОУ „Јовче Тесличков“ си заминале само по еден ученик. Единствено од ССОУ„Коле Неделковски“ засега не заминал во странство ниту еден ученик.
Во статистичките податоци недостигаатсамо податоците од ССОУ „Димитрија Чуповски“.
Убавка Јаневска
