Две тепачки помеѓу малолетници во Велес
Објавено на 18 август, 2022 во 10:23
Четириесет и едно годишната Б.П од Велес, во текот на вчерашниот ден, пријавила дека на улица „Благој Ѓорев“ нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници.
Во текот на истиот ден, во полициска станица Велес бил пријавен уште еден случај од страна на триесет и четири годишната Н.О од Велес. Нејзината малолетна ќерка била физички нападната од Д.А на улица „Ѓорги Димитров“ во Велес.
Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека се работи на расчистување на двата случаи.
Стефани Манева