Две велешанки каснати од бездомни кучиња

Објавено на 1 февруари, 2024 во 15:12

Две велешанки, вчера, во Полициска станица Велес пријавиле дека биле каснати од бездомни кучиња, соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.

Педесет и девет годишната Д.П, во 12:00 часот, пријавила дека на улица „Невена Ѓеорѓиева Дуња“ во Велес била касната од бездомно куче. Истиот ден, четири часа подоцна, во полициска станица Велес, четириесет и четири годишната А.П пријавила дека на улица „Андон Шурков“ исто така била касната од бездомно куче.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.