Еден физички напад и казни за граѓани кои не носат маска
Објавено на 14 мај, 2021 во 13:16

Во Полициска станица Кавадарци, деветнаесет годишниот С.А од село Трстеник, кавадаречко пријавел дека бил физички нападнат од 41 годишниот И.Ѓ. Тепачката се случила, вчера, околу 02:00 часот на улица „Гоце Делчев“ во Росоман.
Во изминатото деноноќие, за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита евидентирани се 27 граѓани. Од нив 15 во Велес и по шест во Кавадарци и Неготино.
За непочитување на полицискиот час, полициските службеници немаат евидентирани ниту еден случај.
Стефани Манева
