Еден ковид пациент на кислородна поддршка во велешка болница
Објавено на 6 октомври, 2022 во 09:45
Вкупно пет пациенти се хоспитализирани во ЈЗУ Општа болница Велес и сите се потврдено позитивни на корона вирусот. Од нив двајца се лекуваат на Инфективно одделение и тројца на Неуропсихијатрија.
Портпаролката на велешка болница д-р Елена Левкова Ќулумова извести дека само еден пациент од вкупниот број на хоспитализирани е на кислородна поддршка.
Во моментов во велешката болница има вкупно 24 слободни болнички кревети.
Според последните податоци од Институтот за јавно здравје, во текот на вчерашниот ден регистрирани биле 65 нови случаи од кои два во Велес.
Стефани Манева