Фатен крадецот којшто ограби работилница во Велес
Четириесет и четири годишниот велешанец Н.Р било лишено од слобода вчера под сомнение дека е извршител на кривичното дело „тешка кражба“ во работилница на ул.„Коце Цветков“ во Велес. Кражбите во работилницата, сопственост на седумдесет и едно годишен велешанец, се случиле помеѓу 27 септември и 3 октомври годинава. Во кражбите се украдени поголем број предмети што биле пронајдени и вратени на сопственикот.
Полициски службеници го привеле Н.Р во полициската станица во Велес. Од таму информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.
Според информациите на Секторот за внатрешни работи Велес, вчера, исто така во полициска станица во Неготино бил приведен педесет и четиригодишен неготинец поради закани за физички напад на својата снаа. Тој заканите ги упатил по вербална расправија со неа. Полицијата работи на документирање и на овој случај и најавува соодветен поднесок.
Убавка Јаневска