(фото) Голем пожар зафати трансформатор на фотоволтаична централа во Овче Поле
Објавено на 20 јуни, 2025 во 11:05

Голем пожар избувнал вчера, на 19 јуни, во 13:27 часот на трансформатор во фотоволтаична централа лоцирана во месноста „Овче Поле“. Како што објавија од Противпожарната единица Свети Николе било интервенирано со две противпожарни возила.

Пожарот бил локализиран по неколкучасовна интервенција, но и покрај брзата реакција на противпожарната единица, предизвикана е голема материјална штета.

Причините за пожарот сè уште не се утврдени. Се очекува увид од надлежните институции, кои ќе извршат детална истрага и ќе ја проценат вкупната штета.
Дума.мк
