(фото и видео) Ден за игра со лего коцки во објектот во Дворови на ОЈУДГ „Димче Мирчев“
Децата во велешката градинка „Димче Мирчев“денеска играа со лего коцки. Овој вид на игра за децата од пет и шест годишна возраст претставува од една страна предизвик а од друга потреба за развивање на фината моторика.
Во моментов според програмата за работа на ОЈУДГ „Димче Мирчев“ сите деца што посетуваат градинка на оваа возраст ги истражуваат сончевиот систем, планетите и галаксијата и имаат добри познавања рече едукаторот од „Едукидо“ Грозданка Донева Иванова. Според неа денешниот ден беше вистински предизвик за првата од вкупно 16 групи од сите објекти на велешката детска градинка.
Да се организира еден интересен многу поразличен ден во градинка, да се стекнат нови знаења и во исто време да се развиваат вештини токму преку игра со лего коцки претставувал поттик како за градинката така и за едукативниот центар „Едукидо“. Иако работат според посебни, за овој пат, тие ги споија своите програми во една се со цел низ игра да им дадат соодветна вредност на лего коцките кои придонесуваат подобрување на когнитивниот развој на децата.
Со лего коцки ќе играат и во исто време ќе ја развиваат својата имагинација сите дечиња на пет и шест годишна возраст коишто ги посетуваат седумте објекти на велешката градинка. Дополнително овој вид на игра и за развивање на детската фантазија ќе се користи и во Градско.
Стефани Манева
фото галерија: