Гимназијалците од Велес дел од едукативна работилница на тема „Насилство и сајбер булинг“
Учениците од средното општинско училиште „Гимназија Кочо Рацин“ Велес, денеска беа дел од едукативна работилница на тема „Насилство и сајбер булинг“ организирана и проведена од страна на полициски службеници од Отсек за превенција при Сектор за внатрешни работи Велес, полициски службеници од Полициска станица за општа надлежност Велес како и од Отсек за криминалистичка полиција при СВР Велес.
-Притоа на работилницата, конципирана како интерактивна комуникација со ученици од сите класови од гимназијата, беа презентирани различните форми и механизми за заштита од насилството во и вон училиштата, како и околу сајбер булингот преку социјалните мрежи како потенцијален причинител на девијантни поведениа, вклучително и насилството. Основната, пишува во соопштението на Министерство за внатрешни работи.
Основната цел на едукативната работилница всушност е подобрување на личната и на севкупната безбедност на учениците во образовно – воспитните установи, како и благовремено превенирање на сите облици и видови на насилство помеѓу учениците.
Исто така, од Министерство за внатрешни работи информираат дека на учениците им биле презентирани и законските последици што ги носи со себе насилничкото поведение.
Стефани Манева