Градски паркинг пред Основен суд Велес е празен, започнуваат подготовките за изградбата на подземната гаража

Паркингот се празнеше бо текот на вчерашниот ден додека денеска локацијата се оградува и обезбедува и најдоцна до утре, среда 26 март, на локацијата ќе започнат градежните работи за градење на подземната катна гаража со плоштад. Ова еден од најголемите проекти во поновата историја на Велес, соопшти денеска градоначалникот Марко Колев.

-Проектот долго време го зборуваме и го очекуваат граѓаните на Велес и со овој проект малкуод малку сметам дека ќе го подобриме паркирањето во централното градско подрачје. Имаме избрано фирма, надзор, воведена е фирмата во работа и воведен режим на сообраќај. Ќе се поставуваат знаци и ќе имаме времено паркирање и се надевам дека во некој разумен период помеѓу 9 и 12 месеци ќе имаме завршување на овој, пак ќе кажам, еден од најголемите инфраструктурни проекти не само по сумата на финансиски средства туку и по захтевноста на изградбата. Затоа што повеќе од 12 – 13 метри ќе се оди подземја. Институтот за градежно инжинерство (ИЗИС) направи проект за заштита на јама. Ќе се работат шипови коишто знаќат за стабилизација на целата јама. И пак ке кажам дека ќе имаме завршница со која ќе се гордееме со овој проект, додаде Колев.
Убавка Јаневска
