Хуманитарна акција во Велес за настраданото население во Украина
Два дена, од утре, ќе започне хуманитарна акција во Велес за собирање на помош за настраданото население во Украина. Секој граѓанин којшто има можност, може, да донира хигиенски производи, санитетски производи, облека и храна во просториите на Синдикална зграда лоцирани на приземје, почнувајќи од 10:00 до 18:00 часот. Во текот на акцијата ќе бидат вклучени и волонтери на Црвен Крст – Велес.
-Во четврток и петок, на 10 и 11 март, сите граѓани може да се донираат хигиенски прозиводи, сапуни, шампон, санитетски прозиводи како памук, газа, лекови, прозиводи за обработка на рани бетадин, хидроген, исто така, вода, храна, ориз, шеќер, брашно, леќа, грав, конзерви долготрајни, бисквити, детска храна, паперси за деца. Може да се донираат и ортопетски помагала, топла облека, перници, јоргани, ќебиња. Граѓаните може да донираат се што би им било потребно на лицата коишто останаа без своите домови, рече Марина Тодоровска, жител на Велес, родум од Украина.
Оваа хуманитарна акција е по иницијатива на Здружение на Украинци на Македонија и во соработка со Општина Велес.
Стефани Манева