Игор Ѓоргоски избран е за нов Началник на Униформирана Полиција при СВР Велес

Објавено на 20 ноември, 2024 во 17:16

Игор Ѓоргоски својата кариера  ја започна во АРМ на РСМ, во 2001 година, како професионален војник во 3-тиот баталјон на Воено воздухопловство и Против воздушна одбрана, каде што во 2003 година се стекнува со чин водник-командир на ракетно одделение Стрела 10 М-заменик командир на вод.

Во 2005 година со превземање од АРМ во МВР е распореден како полицаец во Полициска станица за Обезбедување на државна граница „Богородица“ од каде во 2012 година е распореден во СВР Велес, Полициска станица од општа надлежност Велес како дежурен и извршува работни задачи како лице за прифат-сменоводител.

Ѓорговски во 2014 година кариерата ја продолжува како Виш инспектор во Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал до крајот на 2015 година кога е распореден на работно место заменик командир во Полициска станица од Општа надлежност Велес додека од 2019 година е заменик командир во Полициска станица за Безбедност на патен сообраќај  Велес при СВР Велес. Сега ја превзема фунцијата Началник на одделение на полиција при СВР Велес.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.