Исчезнато лице, две тепачки и казни за не носење на маски
Во Сектор за внатрешни работи Велес, на 4 мај, вторник, околу 18:00 часот, З.З (39) пријавил дека неговата 70 годишна мајка В.З, се оддалечила од домот. Се работи на пронаоѓање на лицето.
Во текот на истиот ден, повторно пријавени две тепачки во Сектор за внатрешни работи Велес. Првиот физички напад во Полициска станица Велес го пријавил А.Л (34) од Република Албанија кој престојува во село Сирково, Росоман. Тој пријавил дека вчера, околу 09:00 часот на улица „Петре Прличко“ во Велес, бил физички нападнат од Ј.К (54) од село Виничани, велешко. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Неколку часа подоцна, околу 20:30 часот, во Полициска станица Кавадарци, било пријавено од А.П (18) од Кавадарци, дека на Градски Плоштад заедно со А.Ѓ (18), биле физички нападнати од неколку лица, се работи на расчистување на случајот.
Во последното деноноќие за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита евидентирани се 25 лица. Од нив тројца од велешани, шест кавадарчани и 16 неготинци.
Против овие лица ќе следуваат соодветни мерки, соопшти Верољуб Додевски, потпарол на СВР Велес.
За непочитување на забраната за движење за време на полициски час, казнети се тројца граѓани во Велес.
Стефани Манева