Истепан малолетен кавадарчанец од две лица, друг нападнат со дрвен предмет
Четириесет и две годишниот К.С од Кавадарци во Полициска станица Кавадарци пријавил дека на улица „Страшо Пинџур“ во Кавадарци неговиот малолетен син бил нападнат од две лица, соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.
Исто така, во истата полициска станица било пријавено и дека шеесет и четири годишниот Б.Н од село Марена, кавадаречко, на фудбалско илгралиште во селото со дрвен предмет бил нападнат од А.А.
Во дневниот билтен на СВР Велес пишува и дека полициски службеници од ОВР Неготино го лишеле од слобода 52 годишниот Б.Д од село Пепелиште, неготинско кој ја вознемирувал 19 годишната вонбрачна партнерка и нивната малолетна ќерка.
-Дошол во домот каде живеела неговата 19-годишна вонбрачна партнерка од Кавадарци и нивната малолетна ќерка и ги вознемирувал, иако со решение од Основен суд Неготино имал забрана за приближување. Б.Д. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по докуметирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Велес.
Дума.мк