Измамен неготинец, наместо со пари добил празна чанта
Осумдесет и три годишен жител на неготинско село на автобуска станица во Неготино бил измамен од страна на едно лице коешто му се преставило дека е од Гостивар.
Како што соопштуваат од Сектор за внатрешни работи Велес, според пријавеното, лицето го замолило неготинецот да му даде денари бидејќи имал странски валути. Тој му ги дал 14.800 денари по што лицето му оставило заклучена чанта, му кажал дека во неа се ставени странските валути и заминал. Подоцна, откако неготинецот ја отворил чантата, видел дека во неа нема пари и сфатил дека е измамен.
Случајот бил пријавен во Полициска станица Неготино вчера, 27 јули, во 10:30 часот. Од СВР Велес информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Исто така, поради зачестени случаи на измами на подрачјето на СВР Велес, се апелира до граѓаните да внимаваат и доколку постојат вакви случки редовно да ги пријавуваат во полиција.
Стефани Манева