(фото и видео) Отворен ден во велешката Гимназија – Дружба, музика и нови хоризонти за идните средношколци

Објавено на 7 мај, 2025 во 14:20

Училишниот двор на СОУ „Кочо Рацин“ во Велес, денеска беше исполнет со дружење, музика и насмевки, по повод Отворениот ден на училиштето. Настанот беше организиран со цел да им се претстави гимназијата на идните средношколци – учениците од деветто одделение, кои во следната учебна година ќе направат значаен чекор во своето образование.

Во рамки на настанот, учениците од гимназијата преку штандови ги претставуваа сите образовни подрачја што ги нуди училиштето – природно-математичко, јазично-уметничко и општествено-хуманистичко, секое поделено на комбинации А и Б. Штандовите беа јасно обележани со насочувачки стрелки, што на деветтоодделенците им овозможи полесна ориентација и можност да се запознаат со предметите и активностите што ги очекуваат во иднина.

Учениците преку креативни работилници, игри и практични демонстрации ги доближија наставните содржини до своите идни соученици. Идните средношколци имаа можност да ја посетат и спортската сала на училиштето како и кабинетот по информатика, но имаа можност да бидат дел и од escape rooms.

Директорот на гимназијата, Иле Попов, за Дума.мк изјави дека денешниот отворен ден е успешен и има голем интерес од страна на идните средношколци.

Големиот интерес и бројната посетеност беа потврда дека учениците од основното образование сериозно ја разгледуваат гимназијата како свој следен чекор.

Стефани Манева

Во продожение може да погледнете дел од атмосферата на денешниот отворен ден во велешката Гимназија:

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.