Јавно говореа учениците на средно училиште „Коле Неделковски“, на интересни младински теми (видео и фото)
Објавено на 11 декември, 2024 во 15:14
„Социјалните медиуми во модерното живеење“, „Насилството како феномен во секојдневието“ и „Пренос на генерации – пренос на вредности“ беа трите теми на кои јавно говореа денеска ученици на ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ во Велес.
Ги слушаа нивни соученици како и гости од останатите три средни и четири основни училишта во градот. За Gen-Z, Millenais, Gen Alpha учениците кажаа:
Учениците говорници ги подготвија професорката по граѓанско образование, дипл.социолог Марија Јанушева и нејзината колешка од стручната училишна служба Ивана Димовска.
Настанот се одржа во Јуроп Хаус во Велес како една од десетдневните активности со коишто ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ го одбележува патрониот празник.
Убавка Јаневска