Јубилејно осумдецениско чествување на „слободен Велес“,освен традиционалните и награди за учениците со менторите коишто освоија награди на натпревари
Со богата и повеќе дневна програма, годинава, Општина Велес ќе го одбележува јубилејниот празник на градот. Утре вечер, четврток, 7 ноември, со почеток во 19:00 часот во Ликовен салон Велес ќе биде отворена изложбата „70 години од смртта на Димитар Андонов Папрадишки“ додека ден подоцна во Објаект 2 поточно „Сонце“, на детска градинка „Димче Мирчев“, која што ќе започне во 10:00 часот, и со којашто најмладите ќе го чествуваат празникот на градот. Вечерта на 8 ноември, со почеток во 19:00 часот во Јуроп Хаус ќе биде прикажан документарниот филм „Кон минатото и сегашноста: 80 години слободен Велес – Титов Велес – Велес“.
На 9 Ноември, според програмата, ќе биде положено свежо цвеќе на бистите на народните херои од НОВ во Младински парк како и на вечното почивалиште на загинатите борци во Спомен Костурница за потоа во Спортска сала „Гемиџии“ со почеток во 12:00 часот да се одржи Меѓународен турнир на ракометни ветерани „Велес 2024“. Свечената академија по повод денот на општината ќе се одржи вечерта, во велешки Театар, кога по обраќањето на градоначалникот Марко Колев ќе бидат врачени Дветоноемвриските награди и признанија на годинешните добитници во чија чест ќе се одржи концертот „Кондензиран воздив по тебе“.
Програмските содржини продолжуваат наредната среда, на 13 ноември со свеченост на која што Општина Велес ќе ги награди сите учесници и ментори од велешките училишта коишто на натпревари освоија прво,второ и трето место.
Ден подоцна, на 14 Ноември започнуваат 57 Детски Рацинови средби како дводневна манифестација којашто ќе се одржува во Велес со повеќе програмски целини.
Убавка Јаневска