Кај лице од село Криволак, неготинско, пронајдени стебла од канабис

Објавено на 23 јуни, 2022 во 14:26

Полициски службеници од Полициска станица Неготино вчера, околу 12:00 часот, го лишеле од слобода дваесет и едно годишниот В.С од село Криволак, неготинско.

– При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 33 стебла од растението канабис и една дигитална вага, соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.

Оттаму информираат дека лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.