ЛАДЕН ПЕРИОД ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА: Нови врнежи и можен снег на планините!

Објавено на 8 мај, 2025 во 08:29

Полека територијата на Македонија, особено од утре вечер,петок 9 кон сабота 10 мај, ќе навлезе во ладен период  со потпросечно ниски температури на воздухот за месец мај. Во текот на вечерта и ноќта се очекуваат нови врнежи од дожд.  Врнежите повремено ќе бидат пообилни и локално ќе наврне позначително количество на дожд, над 20 литри, соопшти Славчо Поповски.

„Се ова ќе биде проследено со умерен, повремено засилен ветер од северен правец којшто значително ќе ги намали температурите. На високите планини, над 1900/ 2000 метри надморска височина. можни се и повремени врнежи од снег.

И во Скопскиот регион, особено утре вечер и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд кои во делови од котлината ќе бидат пообилни. Повремено ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Што се однесува до температурите, во време на викендот позначително ќе опаднат и наутро ќе се спуштаат во интервал од 2 до 9 степени, додека дневните ќе се искачуваат во интервал од 15 до 22 степени,“ додава метеопрогнозерот Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.