Караванот за вакцинација на Министерство за здравство, денеска, во Велес
Објавено: 21 октомври, 2022, во 09:40 часот
Информативниот караван за вакцинација „Заштитени заедно, вакцините делуваат“, денеска, ќе биде во нашиот град, поставен пред зградата на театарот „Ј.К.Х Џинот“. Сите заинтересирани граѓани ќе имаат можност од 10:00 до 12:00 часот да се информираат за важноста на имунизацијата и бесплатно да се вакцинираат против коронавирусот.
Караванот за вакцинација, денеска, ќе биде и во Општина Чашка поставен на плоштадот со почеток од 12:30 до 14:30 часот. Како последна општина којашто ќе ја посетат денеска ќе биде Бузалково, поставени кај општината од 15:00 до 17:00 часот.
Информативниот караван за вакцијација „Заштитени заедно, вакцините делуваат“ го организира Министерство за здравство во соработка со УСАИД, УНИЦЕФ и СЗО и ќе опфати 24 локации низ целата земја.
Стефани Манева


