Кавадарчанец пронајден во безсознание и со тешки телесни повреди
Објавено на 4 декември, 2023 во 15:19
Седумдесет и четири годишниот О.Ш од Кавадарци, вчера, бил пронајден со тешки телесни повреди и во безсознание, соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.
Поточно, случајот бил пријавен во Одделение за внатрешни работи Кавадарци во 15:45 часот а кавадарчанецот бил пренесен во Општа болница Кавадарци за укажување на лекарска помош.
Од СВР Велес додаваат дека на местото бил извршен увид од Јавен обвинител и екипа од ОВР Кавадарци.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Дума.мк