Кавадарчанец се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна незгода
Објавено на 30 јануари, 2024 во 12:24
Дваесет и четири годишниот Д.С од Кавадарци, управувајќи патничко моторно возило „фиат“ излетал надвор од коловот на регионалниот пат Кавадарци – Неготино, кај местото викано „Антена“.
-Сообраќајната незгода во ОВР Неготино е пријавена во 22:30 часот. Возачот, поточно кавадарчанецот во незгодата се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болница во Кавадарци, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на СВР Велес.
Увидна екипа од Одделение за внатрешни работи Неготино извршила увид на местото на незгодата.
Стефани Манева