Кавадарчани советувани од полициски службеници на повеќе теми
Објавено на 22 ноември, 2023 во 09:16
Отсекот за превензија при Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, на повеќе локации во Кавадарци спроведе превентивни активности во кои целна група беа повозрасните граѓани.
Како што соопштуваат од Министерство за внатрешни работи на овие средби полициските службеници заедно со граѓаните разговарале на повеќе теми за безбедноста на најранливата категорија на учесници во сообраќајот, поточно пешаци и повозрасни лица.
Полициските службеници им делеле и флаери со препораки за безбедност.
Дума.мк