Кавадарчанка пријавила во полиција измама со пари
Објавено на 16 ноември, 2023 во 14:43
Четириесет и девет годишна Кавадарчанка пријавила во ОВР Кавадарци дека била измамена од лице кое се преставило како посредник за работа во странство.
Според пријавеното тие се запознале преку мобилна апликација, по што во периодот од 14 август до 18 септември годинава, Кавадарчанката му уплатила вкупно 18.437 денари за обезбедување документи за работа во странство. Но документи не добила а лицето ја прекинало комуникацијата, по што сфатила дека е измамена.
„Се преземаат мерки за расчистување на случајот.“ соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска