Кавадарци: Нападнат малолетник, маж агресивно се однесувал со полицајци

Објавено на 17 февруари, 2023 во 13:46

Татко на малолетно дете вчера, 16 февруари, во Одделение за внатрешни работи Кавадарци пријавил дека во село Ваташа, кавадаречко, на улица „Шишка“ неговиот син бил физички нападнат од едно лице.

Истиот ден, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишеле од слобода педесет и две годишниот О.Ѓ од Кавадарци. Тој се однесувал агресивно кон полициски служеници кои извршувале службени дејствија.

Од Сектор за внатрешни работи Велес соопштија дека се работи на расчистување и на двата случаи.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.