Малолетници во дискотека по полноќ и пушење цигари во кафетерија откриле полициските и инспекторите на УЈП
Двајца малолетници во дискотека по полноќ и пушење цигари во угостителски објект затекнале во Кавадарци инспекторите на Управата за јавни приходи заедно со полицијата. Контролата ја направиле изминатиот викенд во повеќе угостителски објекти во Кавадарци додека прекршувањата на законите се регистрирани во дискотеката „Ал Пачино“ и кафетеријата „Експрес кафе“.
Полицијата ќе поднесе соодветни пријави против сопствениците на угостителските објекти, фирмите и лицата што ги прекршиле законите за заштита од пушењето и за прекршоци против јавниот ред и мир.
СВР Велес апелира , одговорните лица во угостителските објекти да ги почитуваат и најстрого се придржуваат до законските одредби од Кривичниот закон , Законот за прекршоците против јавниот ред и мир и Законот за пушење .
Секое непочитување кое ќе биде констатирано од полициските службеници, веднаш ќе биде санкционирано./У.Ј